ОБОЕНА ПРОЛЕТ, ПРОТЕСТИ НИЗ МАКЕДОНИЈА, ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:214:"ДемонстрантитекоивчерагобоеаСкопјепорачаадекааковеќеимановипреговориитиетребадабидатвклученивонив";s:9:"td_source";s:58:"Скопје,Битола(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБОЕНА ПРОЛЕТ, ПРОТЕСТИ НИЗ МАКЕДОНИЈА, ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА

    Додека Европската унија се обидува да го спаси договорот од Пржино со закажување нова лидерска средба во Виена, во Македонија веќе втора недела не запираат протестите што ги предизвика претседателот Ѓорге Иванов со аболицијата на политичарите осомничени за криминал кој може да произлезе од прислушуваните разговори. На средбата  би требало да присуствуваат еврокомесарот Јоханес Хан, тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, како и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.

    Од ВМРО-ДПМНЕ вчера потврдија дека ќе присуствуваат на состанокот во Виена во петок, но од СДСМ не одговараат на поканата на еврокомесарот Јоханес Хан бидејќи им треба време за консултации во рамките на коалицијата, но и со невладините организации кои се дел од движењето „Протестирам“.

    Полицијата ја бранеше зградата на Министерството за култура под канонадата јајца и балони со боја - аматерска фотографија

    Полицијата ја бранеше зградата на Министерството за култура под канонадата јајца и балони со боја – аматерска фотографија

    Демонстрантите на вчерашните протести низ Скопје порачаа дека не ја прифаќаат идејата на Европската унија за обновени преговори меѓу лидерите на политичките партии. Тие велат дека ако Зоран Заев оди на преговорите во Виена не треба да смета на нивната поддршка. Бараат, ако веќе има нови преговори и тие да бидат вклучени во нив.

    Синоќа се протестираше во Скопје, Битола, Штип, Велес и Куманово.

    Protest5

    Фонтаната под споменикот на Александар со детергент за симболично перење на криминалот од „Скопје 2014“ (Фото:СДК.МК)

    Во Скопје протестот го викаат Обоена пролет затоа што демонстрантите продолжија да ја бојат Порта Македонија, но и повеќе споменици кои се дел од контроверзниот проект „Скопје 2014“. Впрочем синоќа тема на протестот беше токму „Скопје 2014“ и затоа демонстрантите се собраа пред Министерството за култура во скопската населба Дебар Маало. Со боја и јајца ја обоија зградата на ова министерство, откако пред тоа движејќи се од Собранието кон Дебар Маало, фрлија детергент во фонтаната на Александар Македонски за, како што рекоа „да го исперат криминалот“. Од детергентот се направи пена што се прелеа на плоштадот, по што водата беше запрена.

    Протестот заврши мирно пред Владата на Република Македонија.

    На демонстрациите им се приклучија и граѓаните од околните згради во Нова Битола (аматерска фотографија)

    На демонстрациите пред зградата каде што живее градоначалникот на Битола им се приклучија и граѓаните од околните згради (аматерска фотографија)

    Во Битола се протестираше пред зградата во која што живее градоначалникот Владимир Талевски. На демонстрантите кои веќе втора недела протестираат против градоначалникот синоќа им се придружија и жители од околните згради во населбата Нова Битола.

    И претставниците на граѓанското здружение ГДОМ, што протестираат за поддршка на власта вчера се собраа во Битола, во Штип и во Велес. Тие протестираа “против деструктивната политика на опозицијата и за избори кои ќе ја решат кризата„. Во Скопје не организираа протест, оти, како што рекоа, нивната цел е веќе исполнета, закажани се избори за 5 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари