ОСУМ ДЕНА ПРОТЕСТИ БЕЗ СЕНДВИЧИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:405:"ДемонстрантитенапротеститенизСкопјепорачаадеканејаприфаќаатидејатанаЕвропскатаунијазаобновенипреговоримеѓулидеритенаполитичкитепартии.Баратаковеќеимановипреговориитиедабидатвклученивонив";s:9:"td_source";s:59:"Скопје,Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОСУМ ДЕНА ПРОТЕСТИ БЕЗ СЕНДВИЧИ

    Вчера во Скопје осми ден маршираа илјадници демонстранти, а се протестираше и во Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово, Велес и Битола.

    Во Скопје и вчера маршот започна пред СЈО, до Министерството за правда врз кое беше фрлена боја, па до Собрание, Плоштад и Владата. Полицијата го блокираше протестниот марш кај влезот на Илинденска по што тој продолжи по булеварот Климент Охридски. Полицијата го блокираше и овој булевар за да ги спречи демонстрантите да се движат кон Водно, каде што е резиденцијата на претседателот на државата. Тие останаа на булеварот во близина на ЕУ Инфоцентарот и изразија протест против најавената лидерска средба на четирите партии во Виена за петок (22 април). По скоро едночасовна блокада, демонстрантите си заминаа, со најава дека денеска во 18 часот пред СЈО ќе има нов протест.

    За време на протестот кој траеше околу три часа никој не делеше сендвичи.

    Протестот го организира граѓанската инцијатива „Протестирам“. Тие бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Блокада пред седиштето на Мисијата на ЕУ за демонстрантите да се спречат да одат кон Водно каде што е седиштето и резиденцијата на Претседателот на државата (Фото: СДК.МК)

    Полициска блокада пред седиштето на Мисијата на ЕУ за демонстрантите да се спречат да одат кон Водно каде што е седиштето и резиденцијата на Претседателот на државата (Фото: СДК.МК)

    Демонстраните во Битола  што бараат оставка на градоначалникот Владимир Талевски кој аболициран од Иванов, а е под истрага на СЈО за криминал со превоз на ученици,  вчера по вторпат ја блокираа зградата каде што живее градоначалникот Владимир Талевски во населбата Нова Битола. Најавија дека во денес повторно ќе протестираат пред неговата зграда во 19 часот. Друга група вчера блокираше две крстосници на влезовите во градот од правецот на Грција во близина на Градскиот парк, но иако прво најавија блокада и за денеска, сепак ја откажаа.

    Вчера во Битола и Велес протестираше и Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) што сака избори на 5 јуни, кое на социјални мрежи најавува протестот за четврток во Скопје пред Собрание. Во исто време на истото место е најавен и граѓански протест што го поддржува и СДСМ.

    ГДОМ од минатиот викенд ги прекина протестите пред седиштето на СДСМ во главниот град со образложение дека ниваната цел е остварена – изборите на 5 јуни се закажани. На протестите на оваа невладина организација што ја поддржува власта во Скопје доаѓаа луѓе од цела земја со околу осуммдесетина автобуси.

    Демонстрантите на протестите низ Скопје порачаа дека не ја прифаќаат идејата на Европската унија за обновени преговори меѓу лидерите на политичките партии. Тие велат дека ако Зоран Заев оди на преговорите во Виена не треба да смета на нивната поддршка. Бараат, ако веќе има нови преговори и тие да бидат вклучени во нив.

    Државната агенција МИА јави дека во Виена во петок ќе се бара спас и почитување и имплементација на договорот од Пржино, а не постигнување нов договор за излез од политичката криза во Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ и  ДУИ вчера потврдија дека ќе присуствуваат на состанокот во Виена во петок, но од СДСМ не одговориле на поканата на еврокомесарот Јоханес Хан, бидејќи им треба време за консултации во рамките на коалицијата, но и со невладините организации кои се дел од движењето „Протестирам“. Според идејата од ЕУ во Виена треба да има лидерска средба на првите луѓе на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА во организација на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари